Uber го претстави најновиот концепт на летечко возило. Леталото, што компанијата ќе го искористи како дел од воздушниот такси-сервис, којшто треба да биде ставен во функција до 2023 година, е комбинација од авион и хеликоптер, пишува TheVerge. Џеф Холден извршниот директор на Uber во интервју за CbsNews, рече дека програмата треба да биде
“пријателска за заедницата” и дека сѐ уште се наоѓа во фаза на дизајнирање. Овие превозни средства ќе бидат електрични, а според компанијата ќе летаат на надморска височина од
1.000 до 2.000 метри. Uber предвидува такси сервисот да вклучува илјадници летечки возила, а ќе има 200 полетувања и слетувања секој час. Леталото првично ќе биде прво пилотирано од луѓето, но на крајот ќе лета самостојно. Компанијата потпиша и договор со НАСА за да создаде сосема нов систем за контрола на летање за да управува со овие летачки возила.