Граѓаните кои денес сплотено го прославуваа празникот Водици, ја искористија приликата да му испратат порака на Зоран Заев и власта.
Му порачаа дека оваа земја е Македонија, а не Северна Македонија.
Со транспаренти прикачени на мостовите и меѓу присутните на Богојавленските церемонии низ државата, граѓаните и испратија порака на власта:
„Никогаш Северна, секогаш Македонија!“, „Едно име имаме, Македонија!“ и „Македонија вечна“!