Актуелно 25.01.2019 12:26

По две години Петровска се сети на Офицерскиот дом

По две години Петровска се сети на Офицерскиот дом

Во вчерашното Отворено студио на 1ТВ гостуваа градоначалници на Гостивар, Куманово и Битола. Водителот на емисијата ја запраша Петровска, градоначалничка на Битола дали најавениот капитален објект Офицерскиот дом што го ветуваше како капитален објект ќе го оствари?

Петровска посочи дека оваа претстојна година ќе започне реконструкцијата на Офицерскиот дом.

„Да, ќе остварам затоа што Офицерскиот дом во оваа градежна сезона ќе биде со активности, успеавме да обезбедиме средства од ИПА фондовите, така да сме пред потпишување на договор и можам да кажам дека заклучно со оваа календарска година која што помина на некој начин сметам дека Офицерскиот дом би требало да биде обезбеден веќе бидејќи е проект што оваа година ќе го затвориме“ – одговори Петровска.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во својата предизборна кампања на страна 18 има ветено дека е потребно целосна реконструкција на објектот на Офицерскиот дом, преадаптација на придружниот објект ипартерно уредување на нивната непосредна околина. Со нивната реконструкција ќе се зачува еден исклучителен споменик на културата, при што општина Битола ќе добие репрезентативен простор за реализација на разновидни активности од областа на културата, како и форумски активности на граѓанскиот сектор, а предвидениот рок е од 2017-2020 година.