Слаткарот Даниел Гомез од Португалија постави нов рекорд на Најскапа чоколада во светот. Неговото дело беше изложено на саемот за чоколади во Обидос, Португалија, пренесува Reuters.
Лимитираната колекција содржи 1.000 бонбони по цена од 7.728 евра од парче. Секој од нив е прелиен со злато што се јаде, а го чуваат двајца чувари. Бонбоните покрај чоколада, во себе содржат и шафран, бели тартуфи и ванила од Мадагаскар.
Чоколадата во облик на дијамант, го скрши претходниот рекорд што го држеше данецот Фриц Книпшилд со својот чоколаден тартуф од 250 долари.
Кутијата во којашто се наоѓаат чоколадните бонбони има облик на круна и е украсена со 5.500 Swarovski кристали.