Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница на Извршниот Комитет на партијата, а подоцна во текот на денот ќе одржи и седница на Централниот Комитет.
На двете највисоки партиски тела ќе се разговара за актуелната политичка состојба, за претседателските избори, и за барањето на партијата за предвремени парламентарни избори.
Ваквите заседавања доаѓаат по одлуката на СДСМ да го одложи конечниот став во однос на одлуката за предвремени парламентарни избори.
Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека власта практично државата ја носи во голема бездна. По фијаското и целосната капитулација со името и промената на идентитетот, Владата гледаме се впушти во нова трка на лажење на јавноста со измислени бројки, сакајќи да ја покрие целосната капитулација во економијата.
Седницата на Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе започне околу 14 часот