Актуелно 28.01.2019 22:54

Мицкоски: Власта го двои општеството, никогаш не сме биле поразделени

Мицкоски: Власта го двои општеството, никогаш не сме биле поразделени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при неговото вечерашно гостување на МТВ рече дека стои цврсто на својот став дека етничките заедници во Република Македонија имаат право да го користат правото да артикулираат и зборуваат на својот мајчин јазик, кој што е различен од македонскиот јазик.

Но тоа како што вели Мицкоски треба да биде направено на законски и уставен начин, а не вака како што сега се направи. Тој дополни дека иако тоа било нормална процедура немало најпрвин во март месец 2018-тата година да се донесе на начин на кој што се донесе. И второ што е многу поважно немало вака да се девалвира целиот процес во пет до дванаесет. Да се носи во „Службен Весник“ и да се става во непријатна ситуација директорот на „Службен Весник“, на полноќ да го објавува новиот број на „Службен Весник“ и ова законско решение со потпис од Талат Џафери. Мицкоски посочи дека намерата на СДСМ е исклучиво да се манипулира со гласовите на Албанците за претседателските избори. Дури притоа се создава внатре коалициона битка и немир помеѓу партнерите. Имаше период кога не се знаеше кој е позаслужен за ова што се случуваше. Дали ДУИ и дали е СДСМ.

– Планираме ние да се доближиме, планираме да направиме држава која што навистина ќе биде функционална или во еден момент да признаеме дека општеството ние дисфункционално па да ја удриме цртата како на Кипар. Е тоа го прави Зоран Заев. Тоа го направи со ова носење на закон, нагласи Мицкоски. – Што ќе кажат Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, Србите немаат ли они право да зборуваат на свој јазик? Ајде сите да збориме. Гледајте што ни се случува на прес конференциите, градоначалници напуштаат прес конференции, пратеници, непријатни ситуации, пропаѓаат во земја, се срамуваат. Затоа ли зборуваме? За такво законско решение зборуваме? Не е честито према припадниците на албанскиот етникум, не е само донеси закон кој што нема да биде функционален. Ние треба да донесеме закон кој што ќе е функционален, кој што ќе го користат тие луѓе, рече Мицкоски.