Револтирана мајка на болно девојче од ретка болест со денови чека одговор од министерот за здравство Венко Филипче, но и од државата која ја остава на милост и немилост судбината на нејзината 20 годишна ќерка.
Во изјава за КУРИР револтираната мајка вели дека додека не се знае судбината на нејзината ќерка, министерот Филипче го одбил конзилиумот кој е потпишан детето да се лечи во странство, со образложение дека тука ќе се направел таков центар, но не се знае кога.
-Јас работам сестра на детска клиника, моето дете Емануела Костоска има 20 години, од 12 години на детска клиника го лечеа грешно под дијагноза „Церебрална парализа“, се обратив после тоа до Светската здравствена организација и тие ми кажаа каде да се обратам во Германија и во интернационалната организација за „Sy Prader-Willi синдром“ и преку нив отидов бесплатно преку овој светски проект. Ема првиот пат отиде бесплатно во Германија, после тоа беше шест месеци повторно во Германија и половина цена 25 илјади евра плати Германија, а 25 илјади плати фондот, за шест месеци детето дојде повторно тука пред умирање, бидејќи нема центар и никој не ја прима во државата. Пет години беше во Германија и последниот пат во септември докторите ми рекоа ако стави ова дете три кила на себе ќе умре, веќе има 12 кила ставено и има прекини во дишење, за КУРИР раскажува Валентина.
Таа додава дека се обратила и со отворено писмо до премиерот Зоран Заев, до Народниот правобранител како и до министерот Венко Филипче, а одговор се уште немам никаков освен од Народниот правобранител.
-Детето ми е дома со прекини во дишење, не се знае во секундата што не чека, државата се изигрува. Филипче овие документи кои што ги објавив ги има кај него веќе десетина дена и никако не ги дава. Денес бев на ендокринологија за возрасни, конзилиум е потпишан детето да се лекува во странство, а Филипче ги крие документите. На крајот викнал некоја комисија за ретки болести и ќе правеле тука центар за „Прадер вили синдром“, нека прават, но 20 години не го направија, дотогаш што правиме?, прашува револтираната Валентина.