Доцнењето може многу да ги налути оние кои вечно чекаат, но одредени луѓе едноставни не можат да си помогнат. Дали се неорганизирани, не знаат да проценат колку време имаат или се толку опуштени што не им е важно дали другите чекаат? Можеби нивното доцнење е поврзано и со хороскопскиот знак во кој се родени?
Лав
Секогаш доцнат и не го прават тоа намерно. Припадниците на овој знак цврсто решаваат да тргнат од дома на време, но тоа едноставно никогаш не им успева. Имено, секогаш им паѓаат на памет уште илјада ситници што мора да ги завршат пред да излезат.
Близнаци
Кога се во добро друштво, Близнаците често забораваат на времето. Може да им се случи предоцна да погледнат во часовникот и тогаш забележуваат дека пред половина час требало да бидат на некое друго место.
Овен
Календарот на Овните секогаш е преполн. Па затоа, често им се случува термините да им бидат малку преклопени. Секогаш се во брзање и секогаш може да очекувате дека ќе задоцнат малку.
Рак
И Раковите постојано доцнат. За разлика од Овните, луѓето родени во знакот Рак не запишуваат термини во календар. За жал, тие едноставно забораваат дека се договориле или предоцна им текнува на тоа. Исто така, многу често има се случува и да задоцнат на важен состанок.