Расипништвото на Владата нема крај. Имено, Владата планира да потроши 45 илјади евра на овошни сокови и ладни чаеви.
На официјалната страна на системот за јавни набавки е објавен оглас од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р. Македонија во кој планира да потроши 2.800.000 денари на сокови и чаеви.

Ова не е прв пат да Владата троши огромни суми на пари на сомнителни набавки. И во минатото имаше случаи каде се трошеа огромни суми на пари за набавка на цвеќиња и слично. Граѓаните велат дека воопшто немаат доверба во институциите и дека воопшто не е подобрена работата на истите.