Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до нула, а дневната од пет до 16 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 12 степени.
Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој во западните делови ќе достигнува брзина од 80 км/ч. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, а во западните делови ќе преминуваат во снег.
Од вторник следува период на променливо облачно време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а до крајот на неделата мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.