Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по врботувањата на блиски роднини на пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска. По информацијата дека во ист ден во ЕЛЕМ и во РЕК Битола која работи во состав на државната енергетска компанија се вработени нејзиниот син и брат, денеска се споделува и информација дека и сопругот на Стојчевска пред еден месец е унапреден во командир на Шумската полиција во Делчево, пишува Плус Инфо.
ОдПлусинфо го контактираше сопругот на Стојчевска, Илјо. Тој не криеше дека е унапреден, но прокоментира дека добил само овластување да ја извршува функцијата командир на шумската полиција во Делчево по оставка на претходникот.
– Заменик командир на шумската полиција од Делчево сум од моето вработување при основањето на шумската полиција. Сега имам добиено само овластување за командир оти претходниот командир даде оставка на функцијата – рече Стојчевски.
Тој не знаеше да каже кога точно го добил овластувањето.