Актуелно 20.02.2019 11:41

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски се неспособни и неодговорни, а нивната неспособност граѓаните ја плаќаат со своите животи

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски се неспособни и неодговорни, а нивната неспособност граѓаните ја плаќаат со своите животи

-Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните. Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира. Пред два дена во село Доброште, Тетовско црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода. Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира. МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно. Се уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани. Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “ откако и била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа и била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде регистрација врши „ Дурмо турс “ и по кои основи истата е вратена?

-Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка, Но и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца? Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност? Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту пак околностите во кои настанала. Граѓаните како и семејствата на загинатите и повредените очекуваат одговор од Спасовски и одговорност за трагичната несреќа. Што побргу си заминат Спасовски и Заев, побргу ќе заврши и хаосот кој го креираа. Секој поминат ден со криминалниот картел на чело на државата е дополнителен ризик за граѓаните, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.