Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски за вечерва во 21 часот.
Станува збор за пленарна седница на која пратениците ќе расправаат и одлучуваат за барањето од Основниот суд Скопје 1 за одредување мерка притвор, односно одземање на пратеничкиот мандат.
Одлуката за закажувањето на седницата следи по консултациите за собраниските правила околу тоа дали треба да се разгледува барањето кога претходно на гласањето по ова прашање во Комисијата за мандатно- имунитетни прашања заврши нерешено.
По дводневната дебата со 4 гласа „ за“ и 4 гласа „против“ Комисијата не зазеде став по барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјаноски.