Актуелно 10.03.2019 12:02

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати

На полноќ заврши собирањето потписи за кандидатите за претседател на државата.

Досега потребните 10.000 потписи ги собраа Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река, со што засега се сигурни кандидати во претседателската трка.

Се очекува Државната изборна комисија, по пребројувањето на потписите, да излезе со соопштение за бројката на кандидати кои го исполниле условот.

Собирањето потписи започна на 23 февруари.

Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април.

На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.