Петките со кои Заев сака да се пофали во јавноста, всушност се двојки.„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“.
Ова се само дел од бројните забелешки констатирани во извештајот на европската комисија кои што покажуваат како владата на Зоран Заев како ја управува државата, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Практично и не постои област во која што е постигнат чист напредок и нема никакви забелешки во однос на работењето на оваа влада. Доколку внимателно се прочита извештајот во ниедна од клучните области како што се јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, нема оценка дека е направен добар напредок, туку секаде пишува дека е постигнато одредено ниво на подготовка што преведено школски е двојка.
Јасно е дека без разлика какви се извештаите што ги добива Македонија, отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ зависи исклучиво од решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето уставно име.
За граѓаните на Македонија е најважна економијата бидејќи тие, за разлика од Заев и врхушката околу него, се мачат да преживеат од први до први. Европската комисија во Извештајот за напредокот констатира дека „има клучни слабости во економијата“. Во Извештајот Брисел говори за „Недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високи стапки на невработеност. Фискалната политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација. Економијата сеуште страда од слабости во планови, ниските стапки на иновации и значајни недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено и јавната инфраструктура“
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и самиот еврокомесар Хан претпладнево рече дека реформите мора да продолжат, особено во независноста на судството и економијата и не значи дека препораката не значи дека преговорите би отпочнале утре, а успех е членство во ЕУ, а не позитивна препорака.