Арбен Таравари од Алијансата за Албанците вчера во гостувањето во емисијата „360 Степени“ на Алсат изјави дека според интерните анкети кои ги има оваа опозициска партија во овој момент Гордана Силјановска Давкова води пред Стево Пендаровски пред почетокот на официјалната камапања за претседателските избори во Македонија на 27 април, односно 7 мај.
– Ние веруваме дека кандидатот што го поддржуваме, Берим Река, кој во последно време има поддршка и од други етникуми, има шанси да влезе во вториот круг на изборите. Таму, според нашето истражување, треба да се соочи со Силјановска, која засега има мала предност во однос на Пендаровски, но да видиме како ќе се одвива кампањата, бидејќи до тогаш има уште време – рече Тараваари.
Градоначалникот на Гостивар демантираше дека Алијансата за Албанците има договор со ВМРО-ДПМНЕ за меѓусебна соработа. Според непотврдените гласини, Алијансата би го поддржала кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од претседателските избори, додека од најголемата опозициска партија за возврат да помогнат Арбер Аголи да победи во Дебар.
– Тоа се шпекулации од кујната на ДУИ, кои беа единствена партија која имаше своја гостинска делегација на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, пред 10-15 дена направи Трајко Вељаноски да биде на слобода, за СДСМ ги донесе да работат Мијалков, Камчева, Муковски, Тодоров – наведе поранешниот министер за здравство.