Актуелно 19.04.2018 10:52

На Pornhub ќе можете да плаќате со криптовалути

На Pornhub ќе можете да плаќате со криптовалути

 

Pornhub веб сајтот со порнографски содржини најави дека ќе прифаќа и криптовалути како платежно средство за нивните премиум услуги. Pornhub е највисоко котиран сајт за видеа за возрасни, и ваквата одлука со воодушевување е примена од страна на крипто-заедницата, па можен е и нов скок на вредноста на дигиталните валути.

За почеток Pornhub ќе прифаќа плаќање на премиум содржините на веб сајтот со крипто валутата Verge која е основана во Силиконската долина во Калифорнија, САД, а трансакциите ќе се вршат со специјализирани токени.

Кори Прајс, еден од директорите на Pornhub, посочи дека употребата на крипто-валути како Verge ќе биде добредојдена бидејќи ја гарантира приватноста на корисниците и нуди високо ниво на безбедност.