Oд денеска па некаде до четврток територијата на нашата држава ќе биде зафатена од нов Африкански бран кој ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот кои на многу места ќе се искачат над 30°C додека во најтоплите региони ќе се искачат до близу 40°C и истите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Максимумот на овој топол бран ќе биде во среда, најавува Метеомакс.
Сепак влијанието на циклонот Луцијан и понатаму останува, па така особено во попладневните и во вечерните часови локално ќе има услови за локална нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот и тоа особено во планинските предели но и во оние населени места кои се во близина на планините каде не се исклучува можноста за електрични празнења и услови за ретка појава на град.
Според моменталните анализи поинтензивни врнежи од дожд проследени со грмежи ќе има во петок и во сабота
УВ индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува некаде од 7 до 1о, па така на граѓание им се препорачува да внесуваат повеќе течности и додека излегуваат со себе задолжително со себе да си понесат заштитна опрема, односно капа и наочари за сонце.