Економија 19.04.2018 10:50

Кина се отвора за странски инвестиции во бродоградбата и изградбата на авиони

Кина се отвора за странски инвестиции во бродоградбата и изградбата на авиони

Оваа година кинеските власти планираат да ги отстранат сите ограничувања на уделот на странски капитал во националните компании во сферата на бродоградбата, авионите, автомобилите и индустриите за чисто гориво, објави Државниот комитет за развој и реформи.

Во 2018-та година, ќе бидат укинати ограничувањата за учеството на странски капитал во бродоградбата (изградба, производствен циклус и активности за поправка), се вели во соопштението објавено на веб-страницата на агенцијата.

Слични мерки ќе следат и во конструкцијата на авиони. Од оваа година, ова правило ќе се применува и во производството на еколошки автомобили.

Кина планира да ги укине ограничувањата за уделот на странски капитал во автомобилскиот сектор во земјата за пет години, објави кинеската Државна комисија за развој и реформи.

Во моментов, странските групи не можат да поседуваат над 50 проценти во кинескиот автомобилски сектор. Овој максимум ќе биде укинат до 2018-та година за производство на електрични и хибридни автомобили, до 2020-та година за комерцијални возила и до 2022-ра година за приватни возила, потенцираа од комисијата, која има клучна улога во управувањето со кинеската економија.

На азискиот економски форум во Боао, кој се одржа од 8-ми до 11-ти април, кинескиот претседател Си Џинпин рече дека неговата земја планира серија мерки за значително отворање на домашната индустрија кон странски капитал.

Најнови вести