На денешната собраниска седница за финансирање на буџет, пратеникот Димитар Стевананџија рече дека слушајки го експозето и објаснувањето за буџетот за 2020 година се добива впечаток дека буџетот за 2020 година личи на топ шоп реклама бидејќи едно се гласа и очекува, а друго се добива.
-Оваа Влада одлучила буџетот за 2020 да го концепира и да го базира дека инвестирале во човечки капитал. Точно да се инвестира во човечки капитал, а не во плати на фризерки од 48. 000 денари и нови работни места во министерството за финансии кое што се надевам дека министерката ќе ја скрати праксата на потпишување на такви дозволи за вработување на заменици министри само се со цел да се задоволат партиските апетити, истакна пратеникот.
Стеванаџија рече дека се согласува со изјавата на министерката Ангеловска која ја даде при промоцијата на овој буџет дека согласно инвестираното во здравството, образованието и социјалните грижи Република Македонија заостанува со регионот.
Имено тој посочи дека со оваа изјава Ангеловска сака да каже дека единствено ако инвестираме во образованието, во здравството, во трудот и социјалата можеме да имаме индивидуи за кои може да кажеме дека сме инвестирале во нивниот интелектуален и човечки капитал.
-Инвестиции на партиски вработување коишто ќе земат 48.000 денари, а биле фризерки во МЕПСО или ЕЛЕМ, а наставници да земаат 21 000 пари тоа не е сериозен капитал. Има само еден добар момент во еден топ шоп буџет што ова е последниот буџет што го изработува министерката Ангеловска и владата на СДСМ. Заврши експериментот, доста се три години експерименти со народните пари. Во минатото се градеше, се градеа патишта, се градеа болници, музеи, стадиони, студентски домови и тие проекти останаа, а денеска не се гради туку само се јаде. Се јадат ф’стаци за 13.000 евра во СЈО. Денес не се гради, туку се кради, свесни сте за тоа, но ќе се освестите за неколку месеци уште повеќе кога ќе го добиете одговорот од граѓаните, од наставниците, професорите, студентите, пензионерите, од докторите, земјоделците, рече пратеникот Стеванаџија