Поп-ѕвездата Хачер Тулу (Hacer Tülü) е убиена во ноќен клуб во популарното турско одморалиште Бодрум.
Турската пејачка е едно од двете убиени лица во масакрот, а четворица беа повредени, објавија локалните медиуми.
Неофицијално, другата убиена личност е, Мехмет Али Суренсој (Mehmet Ali Sürensoy), сопственик на клубот „Медуза“, каде што се случило убиството.
Полицијата уапси четири лица поради можна врска со нападот.
Хачер во Турција беше многу популарна, а на Instagram има повеќе од 50.000 следбеници.
Некои од нејзините песни на YouTube имаат над 4 милиони прегледи.