Економскиот раст на приватниот сектор во Германија неочекувано се зголеми во јуни, поттикнат од порастот на услугите, објави „Bloomberg“.
Индексот на менаџерите во услужниот сектор (PMI) на „IHS Markit“ се зголеми до ниво од 54,2 поени во однос на 53,4 поени во мај, што беше најниско ниво во последниве 20 месеци.
Анкетата исто така покажа дека растот на нови нарачки и создавањето работни места се забрзува. Сепак, индустријата продолжува да губи моментум, со најслаб раст од една и пол година. Извозните нарачки претрпеа пад поради намалениот интерес од САД и Кина.
„Главните податоци во индексот „PMI“ за Германија покажаа благо подобрување во јуни благодарение на забрзувањето на растот во секторот на услуги, иако претставувањето во вториот квартал како целина се уште навестува скромен раст“, вели Фил Смит, главен економист во „HIS Markit“.
Податоците излегуваат само една недела откако претставниците на Европската централна банка изјавија дека планираат прекин на откупот на обврзници во оваа година, сигнализирајќи ги првите чекори на институцијата за укинување на вонредните стимуланси.
Најавата дојде и покрај фактот што економијата во еврозоната изгуби дел од својот нагорен моментум.
Податоците за Франција неочекувано покажаа раст на индексот на 55,6 поени.