Мозаик 22.01.2021 18:13

По низа од 41 меч: Во 42-иот натпревар на Лазаров на Мундијалите се случи невозможното

По низа од 41 меч: Во 42-иот натпревар на Лазаров на Мундијалите се случи невозможното

Капитенот Кире Лазаров денеска против Русија го одигра својот 42. натпревар на Светските шампионати.

Десниот бек не погоди ниту еднаш од четири обиди на овој дуел и не се запиша во листата на стрелците.

Почнувајќи од Египет 1999, Хрватска 2009, Шпанија 2013, Катар 2015, Франција 2017, Германија/Данска 2019, Лазаров беше дел и до Египет 2021.

На сите досегашни одиграни средби на Мундијалите, Лазаров беше стрелец на најмалку еден погодок, а во најголем дел од тие натпревари беше и најефикасен наш репрезентативец.

Македонија ја чека уште еден натпревар на Светското првенство пред враќањето дома, против Белорусија в недела.