Франција, Холандија и Данска не дадоа согласност да има одлука за почеток на преговори на Македонија оваа година. Сметаат дека земјава ги нема исполнето основните предуслови од извештајот на Прибе и планот 3-6-9, особено во однос на владеењето на правото, судството, администрацијата и корупцијата. Ова е голем дипломатски дебакл на Заев & Димитров, напиша поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, по одлуката на Советот на ЕУ Македонија догодина да добие датум за почеток на преговори, откако земјата ќе треба да исполни неколку услови.
„Пораката од Луксембург до Заев и Димитров е дека нивната спремност да си го сменат националното име и Уставот на сопствената држава не е доволно за да ја покријат погрешната политика на владата на СДСМ во клучните сектори за државата.
Заклучокот кој е постигнат е условен и необрврзувачки, и истиот гласи: “EU negotiations with FYROM/North Macedonia & Albania can start in 2019, depending on progress made by the countries”.
П. С.
Патлиџан дипломатија = пинџур резултати“, напиша Милошоски на својот фејсбук-профил.