Живот 26.01.2021 01:06

ФОТО: Карлеуша сподели емотивна порака посветена на покојната мајка

ФОТО: Карлеуша сподели емотивна порака посветена на покојната мајка

Точно на полноќ, Јелена Карлеуша објави емотивна честитка на Инстаграм по повод роденденот на својата покојна мајка Дивна.

Познатата радиоводителка била родена на 25 јануари 1958 година, а доколку не починеше од карциномот на бели дробови во март 2019 година, денес ќе наполнеше 63 години.

„Среќен роденден, убав мој ангелу“, напиша популарната пејачка во рамките на своите приказни на Инстаграм.

Инаку, Јелена многупати досега истакнуваше дека нејзината мајка ѝ е најголемата поддршка и поткрепа во животот, па токму затоа се’ уште не може да ја преболи големата загуба во животот.