Иако Сергеј Самсоненко не е повеќе финансиер во Вардар, сепак неговото семејство остана да живее во Скопје.
Една од неговите ќерки, Маша Самсоненко, која има само 17 години е новата ѕвезда на македонското музичко небо, а веќе го сними првиот сингл на македонски јазик – Дали ти ќе дознаеш.
Музиката е на Панче Касапски, текстот го напиша големиот ракометен фан – Огнен Неделковски, додека зад аранжманот е потпишан Лазар Цветковски.
Спотот е снимен на неколку локации под режисерската палка на Даниел Јовески. Погледнете…