Живот 28.01.2021 21:30

ФОТО: Раскошно надарената пејачка се прошета во бизарен провиден фустан

ФОТО: Раскошно надарената пејачка се прошета во бизарен провиден фустан

Ексцентричната пејачка Карди Б е позната по екстравагантни и провокативни модни комбинации, но неодамна се надмина себеси.

Бидејќи нема црвени теписи или гламурозни забави, раперката реши да оди на шопинг во провокативна, невообичаена креација со потпис на сè попопуларниот дизајнер Пјер-Луис Аврej.

Овој проѕирен фустан ги истакна нејзините раскошни облини и тенкиот струк, а под него се гледаше долната облека на славната 28-годишна девојка. Не е ни чудо што минувачите на улиците во Лос Анџелес се вртеа по неа.

Карди оваа чудна црвена креација ја искомбинирала со црвена заштитна маска и вртоглаво високи потпетици.

Инаку, музичарката беше на шопинг со сопругот Офсет, со кого во моментов е во добри односи, иако сакаше да се разведе во 2018 година поради постојаните расправии.