Живот 31.01.2021 01:24

Зошто на влезот на наводната „вила на Путин“ го има грбот на оваа балканска земја?

Зошто на влезот на наводната „вила на Путин“ го има грбот на оваа балканска земја?

Министерството за надворешни работи на Русија јавно праша како грбот на Црна Гора заврши во филмот „Палатата на Путин“.

-Дали западните истражувачки новинари веќе истражиле зошто во американско- германскиот „филм“ влезот во таканаречената „Палата на Путин“ е украсен со грбот на Црна Гора – пишува во твитот на Министерството.

Грбот на Црна Гора се појавува и во лифтот на палатата.

Рускиот опозиционер Алексеј Навални и неговиот тим пред десетина дена објавија видео во кое, како што тврдат, е прикажана палата на Црно море вредна повеќе од милијарда евра изградена за Путин.

Кремљ ги демантираше обвинувањата на Навални и наведе дека тие се со цел на Русите да им го „перат мозокот“ и да ги поттикнат на протести.