Економија 28.06.2018 19:46

Просечната нето плата во Хрватска зголемена

Просечната нето плата во Хрватска зголемена

Просечната исплатена нето плата во Хрватска за април оваа година изнесуваше 6.220 куни (843 евра), што на месечно ниво е намалена за 1,2 отсто, додека на годишно ниво е зголемена за 3,8 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Највисока просечна месечна нето плата по вработено лице во април е исплатена во финансиските и услужните дејности во износ од 10.427 куни, додека најниската плата изнесуваше 4.035 куни (546 евра), исплатена на вработени во производството на кожа и сродни производи.

МИА