Пејачот Адријан Гаџа, кој веќе некое време има свој ресторан, објави слика со лопата во рака и кажа дека сам ќе го расчистува снегот на паркингот.
„Утрински тренинг“, напиша Адријан, а следбениците го пофалија што чисти сам.
Имаше и такви што му напишаа дека треба да се потруди повеќе, наместо само да се слика, зашто гледаат стапалки во снегот, ама не и дека го расчистил патот.