Директорот на РТВ Пинк, Жељко Митровиќ, го покажа ентериерот на неговиот луксузен дом. Од фотографиите кои ги објави на социјалната мрежа Инстаграм, можеме да видиме дека сè е во тон, каде доминираат бело-сиво-црните нијанси.
Сепак, она што привлекува најголемо внимание се бројните екрани на ѕидовите. Покрај големиот телевизор, Митровиќ има голем број екрани наредени на ѕидот!
Претпоставуваме дека му се за да следи се’ што се случува на сите канали, програми и преноси во живо на неговата телевизија. Некои велат дека мониторите заради безбедносни прични, па на нив се отсликува во секој момент, што се случува во секој агол, во секое делче на неговата куќа, внатре и надвор!?
Дневната соба е украсена со многу цвеќиња, кои исто така се во тон, како и сè што е во неговата соба што тој и го покажа.