Живот 24.03.2021 17:05

Убавица од млади години: Протекоа секси фотографии од младоста на Благица Павловска (ФОТО)

Убавица од млади години: Протекоа секси фотографии од младоста на Благица Павловска (ФОТО)

Благица Павловска е една од најпопуларните македонски фолк пејачки, која зад себе има неколку децениска кариера.

Но, покрај песните таа е препознатлива и по својот провокативен стил, кој го негува уште од првите појавувања на македонската сцена.

Таа има издадено голем број албуми меѓу кои: Не можам да те заборавам (1993), Птичица (1993), Вљубена жена (1995), Казино (2002), Доктори 100 да ме лечат (2003), Не можам да те заборавам (1993), Цело Скопје (1998), Спиј мирно моја плането (2000), Те закам земјо црвена булко (2002) и други.

Покрај соло кариерата, Благица Павловска понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Благица се и Андријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.

Неодамна, протекоа секси фотки од нејзината младост. Еве како изгледала Благица.

Од тоа како изгледала фолк дивата на почетокот од нејзината кариера до обвивките од нејзините албуми во време на Југославија, овие фотографии навистина носат мирис на едно минато време.

Благица Павловска во интервјуто за естрадниот магазин „Бекстејџ“ пред неколку дена го откри своето мислење на кој начин би можел да ѝ се стави крај на пандемијата на коронавирусот.

Освен што зборуваше за ковид-19, популарната пејачка се осврна на различни теми, за својата вера, за Бог, љубовта кон животните…