По преземени активности од страна на скопската полиција, бил пронајден автомобил „ауди 6 кватро“, кој претходно бил пријавен како украден на булеварот „Партизански одреди“.
Како што информираат од МВР, во врска со случајот приведен е 34-годишен жител на Грчец со иницијали Н.Ш.
За целосно расчистување на случајот бил извршен и претрес во неговиот дом.