Уште од 1990 година, TC Candler и независни модни критичари ги избираат 100 најубави лица на светот.
Победничка на 2020 година е Јаел Шелбиј, 19-годишна манекенка од Израел која и претходните две години беше во топ три најубави лица според овој магазин.
-Никогаш во ништо не сум била прва…Ви благодарам, ова е убава титула, истакнала убавицата која во моментов служи задолжителен воен рок во израелското воздухопловство.
Оваа девојка, според пишувањата на израелските медиуми, е во врска со 35 годишниот син на израелскиот милионер Брендон Корф. Таа има работено на бројни модни кампања, меѓу кои и за колекцијата на шминки на Ким Кардашијан.
Критериумите по кои се прави листата на најубави лица се естетско соврешенство, но се гледаат и елеганцијата, држењето, оригиналноста.