Актуелно 29.06.2018 14:53

„Скриено покачување на платата“ – Струјата поевтинува за 0,1 проценти

„Скриено покачување на платата“ – Струјата поевтинува за 0,1 проценти

Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти. Пониската цена на струјата ќе важи од 1 јули годинава.

Одлуката ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика, а денеска на прес-конференција ја соопшти претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој информира дека цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на АД МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН Македонија за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти.

Како што информираа вчера од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување.