Американската интернет ѕвезда и фитнес модел Џен Шелтер (26) која поради своите облини и совршен задник ја доби титулата најсовршен задник на светот објави дека и е тешко да издржи две недели во карантин поради пандемијата поради коронавирусот.
Џен се огласи преку својот Инстаграм профил и преку солзи откри како се чувствува во овие тешки мигови, но и даде неколку совети за сите нејзини следбеници.
-Ова е еден тежок карантин во Њујорк за мене. Давам се од себе да ги мотивирам луѓето и да го одржам нивниот дух силен. Сепак сфаќам дека многумина од вас се чувствуваат исто, започна сво своето раскажување таа.
Додава дека навистина и е тешко што е сама две недели во карантин.
-Се трудам да останам позитивна и сакам да ви се заблагодарам што сте со мене овие денови, им се заблагодари Џен на фановите.