Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина како последица на вирисот Ковид-19, јавија српските медиуми.
Она пак што паѓа во очи е што Хаџиманов на 5 март на својот фејсбук профил има објавено дека се вакцинирал против Ковид-19 заедно со неговата сопруга Сенка Велетанлиќ.
„Сенка и јас се боцнавме, после долго чекање. Две пријатни дами не пецнаа неосетно. Вакцината ќе не спаси од куќен затвор“, напишал Хаџиманов на 5 март.
Она што не е јасно дали ја примил и втората доза на вакцина и кога точно се заразил. Граѓаните на социјалните мрежи се збунети и прашуваат „Како е можно?“ Хаџиманов да доживее компликации кои го предизвикале најлошото ако се земе во предвид дека тој примил една, а можеби и две дози од вакцината.
Упатените го коментираат следново:
– Првата вакцина штити 52 проценти, ревакцинацијата се прави од 21-28 ден. По ревакцинацијата потребни се дополнителни 2-3 недели по кои заштитата е околу 92 проценти, се вели во еден од коментарите.
Со свој коментар се јави и професорката Билјана Ванковска која вели:
-Вакцинирањето моментално не создава имунитет. Од втората доза треба да поминат неколку недели за да се создадат антитела. Затоа треба чување. Зафир, очигледно не го дочекал тој момент. Нека почива во мир.
Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград. Зад себе остави над 5.000 записи од македонски изворни песни.