Јована Лола Балашевиќ, ќерка на починатиот Ѓорѓе Балашевиќ, на својот Инстаграм профил сподели фотографија од графит напишан во чест на нејзиниот татко.
„Па добро, каде си ти? напишал некој на ѕид.
Сите обожаватели на песните на Балашевиќ знаат дека ова е всушност името на неговата песна, која и денес е голем хит.
Да потсетиме, Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари оваа година, а по неговата смрт Лола расплака многумина со видеото што го сподели на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како Ѓорѓе и Оливера уживаат на роденденската забава на внуците во дворот на нивната куќа во Нови Сад.
“Те сакам тато, ти ми го даде најубавиот можен живот. Се гледаме во дворот”, напишала тогаш Лола.