Стотици возила вечерва се блокирани кај Блаце, во меѓузоната на границата меѓу Косово и Македонија.
Повеќето од нив се со македонски регистарски ознаки. Во моментов не се познати причините за блокадата, но тоа предизвика голема нервоза кај патниците бидејќи за неполни 60-тина минути почнува полицискиот час.
Некои возачи велат дека повеќе од еден час македонските погранични власти не презеле ниту еден чекор за решавање на оваа состојба.