Живот 07.06.2023 14:16

МНОГУ ГО ИГНОРИРААТ ОВОЈ СИМПТОМ, а може да укаже на ОПАСНО ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК!

МНОГУ ГО ИГНОРИРААТ ОВОЈ СИМПТОМ, а може да укаже на ОПАСНО ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК!

Неопходно е да посветите посебно внимание и да го слушате вашето тело. Заматениот вид може да биде еден од знаците за опасно висок крвен притисок, предупредуваат лекарите.

Како што пишува The Sun, високиот крвен притисок, состојба позната и како хипертензија, погодува секој трет возрасен Британец. Ако не се лекува, може да доведе до зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Покрај вообичаените симптоми кои укажуваат на висок крвен притисок како главоболка, крварење од носот, замор, отежнато дишење, забрзано чукање на срцето и зуење во ушите, лекарите издвоија уште еден симптом за кој веруваат дека исто така сигнализира висок крвен притисок. Станува збор за проблеми со видот, поточно заматен вид кој малку луѓе го поврзуваат со висок крвен притисок.

Како што е објаснето од Американското здружение за срце, недостатокот на проток на крв во мрежницата доведува до заматен вид или целосно губење на видот, а луѓето со висок крвен притисок се изложени на уште поголем ризик да ја развијат оваа состојба. Високиот крвен притисок, исто така, може да предизвика акумулација на течност под мрежницата, што го нарушува видот.