Финансии 15.06.2023 11:03

Евростат: 22 отсто од населението во ЕУ живее ризик од сиромаштија или социјална исклученост

Евростат: 22 отсто од населението во ЕУ живее ризик од сиромаштија или социјална исклученост

Во 2022 година, 95,3 милиони луѓе во Европската Унија (22% од вкупното население) биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, односно живееле во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и живеење во семејства со многу ниска вработеност, објави Евростат.

Најмногу луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост има во Романија (34%), во Бугарија (32%), Грција и Шпанија (по 26%).

Од друга страна, пак, најмалку сиромашни и население во социјален ризик се регистрирани во Чешка (12%), Словенија (13%) и Полска (16%). са/Фото: Евростат.