Овен 21.3-20.4.
Љубов:Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска.
Кариера:Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст.
Здравје и совет:Бидете објективни.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов: Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете.
Кариера: Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо.
Здравје и совет: Имате причини и за радост и за тага.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов: Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство.
Кариера:Ќе поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува.
Здравје и совет: Подобрување.
Рак 22.6-22.7.
Љубов: Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни.
Кариера: Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа.
Здравје и совет: Денеска имате влијание врз другите.
Лав 23.7-22.8.
Љубов: Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи.
Кариера: Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни.
Здравје и совет: Продолжете понатаму без нервоза.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов: Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание.
Кариера: Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место.
Здравје и совет: Можни се мали проблеми со видот.
Вага 24.9.-23.10.
Љубов: На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално.
Кариера: Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата.
Здравје и совет: Имате сила за двајца.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов: Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие.
Кариера: На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија.
Здравје и совет: Бидете трпеливи.
Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов: Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу.
Кариера: Освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате.
Здравје и совет: Не споредувајте се со другите.
Јарец 22.12.-20.1.
Љубов: Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете.
Кариера: Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава.
Здравје и совет: Вие сте добро.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов: Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост.
Кариера: И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба.
Здравје и совет: Не е се во материјалното.
Риби 20.2.- 20.3.
Љубов: Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални.
Кариера: Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови.
Здравје и совет: Бидете јасни и недвосмислени.