Индексите на њујоршката берза го завршија тргувањето со пад на вредноста.
Претседателот на американската централна банка Џером Пауел изјави на седница на Конгресот дека очекува дополнителни зголемувања на каматните стапки оваа година, предупредувајќи дека инфлацијата се уште е превисока, пренесува француската новинска агенција АФП.
Индексот Dow Jones го заврши тргувањето на 33.951,52 поени, што е за 0,30 отсто помалку од вторникот. Индексот S&P 500 на 500-те најголеми американски компании заврши со 4365,69 поени, што е за 0,52 отсто помалку од почетокот. Технолошкиот индекс Nasdaq загуби 1,21 отсто и го затвори тргувањето на 13.502,20 поени.
Цените на нафтата пораснаа на затворањето на тргувањето во Њујорк. Суровата нафта „West Texas Intermediate“ за испорака во јули достигна 72,59 долари за барел, што е за 1,40 долари повеќе од вторникот. Барел северноморска нафта брент поскапе за 1,27 долари на 77,17 долари.
Падна и цената на златото за 3,80 долари или 0,20 отсто на 1.943,90 долари за унца од 31,1 грам.