Венди Раш (Сопруга на Стоктон Раш, извршниот директор на Оушнгејт кој е на чело на исчезнатата подморницата Титан) е правнука на Исадор и Ида Штраус. Тие се ко-основачи на стоковната куќа Мејсис и биле меѓу најбогатите луѓе на трансатлантското патување на Титаник.
Isidor (co-owner of Macy's department store) & Ida Strauss were #Titanic passengers. He wanted his wife to go to the lifeboat N°8, but she refused, saying: "We have lived together for many years. Where you go, I go". They lost their lives in the sinking.#Titanic111 #Titanic2023 pic.twitter.com/UQD0MsEPuN
— Meriadec Villers (@MeriaRmsTitanic) April 18, 2023
Откако Титаник удрил во сантата мраз, двајцата постојано биле рака под рака. Така, и во хит филмот „Титаник“ од 1997 година, е прикажан постариот пар, фатени за рака додека водата околу нив се крева, пишува лондонски тајмс.
Исидор и Ида Штраус на многу начини биле двојка од соништата на своето време. Иако нивниот брак го договориле нивните семејства, љубовта меѓу американскиот бизнисмен со германско потекло, еден од основачите на синџирот Мејси, и младата девојка чие семејство неодамна пристигнало во САД од Европа, набрзо процветала и станала искрена и длабока.
Се венчале во 1871 година и во текот на следните 15 години добиле дури седум деца.
Пријателите и семејството ги сметале Ида и Исидор за сродни души и сопружници кои биле неверојатно посветени еден на друг. Исидор многу патувал поради работата, но со сопругата секогаш разменувал по неколку писма дневно. Кога децата пораснале, повеќе немале причина да бидат разделени, па Ида често патувала со својот сопруг.
Така било и кобната зима 1911/1912 година.
Двојката ја поминала зимата во Европа, пред се во Франција. Требалонда се вратат дома порано, но штрајкот на рударите за јаглен во Англија им ги одложил плановите.
На Исидор му било кажано дека додека трае штрајкот, само еден брод сигурно ќе плови до Америка – величествениот, „непотоплив“ Титаник.
И така Исидор и Ида се нашле на бродот на пат за Америка на 14 април 1912 година, кога Титаник удрил во санта мраз и почнал да тоне. Забележано е дека парот дошол до чамецот за спасување бр. 8 во придружба на слугинката на г-ѓа Штраус, Елен Бирд.
Бидејќи биле во години, офицерот задолжен за евакуација им понудил места во чамецот, но Исидор одбил да се спаси се додека на Титаник имало жени и деца. После тоа, ниту Ида не сакала да влезе во чамецот.
“Живеевме заедно многу години. Не сакам сега да се разделувам од сопругот. Како што живеевме, така и ќе умреме – заедно”, рекла Ида, а тоа го посведочиле многумина кои веќе биле во чамецот.
Иако сопругот ја молел да се спаси, Ида не се предомислила. На својата слугинка и ЈА подарила бунда, велејќи едноставно дека „повеќе не и е потребна“ и ја ставила во чамецот, а потоа се повлекла со сопругот.
Последен пат биле видени како седат на палубата држејќи се за раце додека сè околу нив се распаѓа и исчезнува во ледените води на Атлантскиот Океан.