Финансии 05.07.2023 09:05

БЕСИМИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ: Тие не се ни еден отсто од банкарските депозити, засега нема шанси да влијаат на каматата

БЕСИМИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ: Тие не се ни еден отсто од банкарските депозити, засега нема шанси да влијаат на каматата

На прашањето дали една од причините што Владата ја издава граѓанската обврзница со прилично атрактивна каматна стапка од 5 отсто, е желбата Владата да ги вразуми банките чии каматите на депозитите се прилично ниски и неатрактивни, министерот за финансии Фатмир Бесими, во телевизиско гостување на Сител, рече дека банките работат на пазарна основа, односно колку е понудата и побарувачката на парите.

„Инаку, во однос на вкупните депозити во банките, овие 50 милиони евра не се ни еден отсто од вкупната сума. Првата аукција, пак, која ја објавивме за 10 милиони евра, или 615 милиони денари, е далеку од тоа што може да влијае врз пазарот. Но, граѓанската обврзница како инструмент ќе постои и во иднина и ќе има такво влијание врз банките, но тоа ќе биде во некоја подалечна иднина, кога на пазарот ќе се етаблира. Ние со банките ова го дискутиравме, и заедно сме во овој процес, па затоа и граѓанските обврзници се продаваа преку банките“, рече Бесими во разговор за Сител.