Дневните температури достигнуваат 35°C, а ноќе се околу 20°C, што значи дека не е особено лесно или удобно за спиење. Според д-р Нерини Рамлахан, експерт за спиење, оптималната температура во спалната соба треба да биде помеѓу 16 и 21°C.
„Добриот сон е важен за обработка на информациите во текот на денот, како и за закрепнување и враќање на рамнотежата на физичкото и менталното поле“, изјави Рамлахан за Independent.
Еве неколку начини кои ќе ви помогнат да заспиете кога е топло:
-Ставете ја постелнината во замрзнувач неколку минути (прво ставете ја во пластична кеса).
-Наполнете шише со ладна вода и ставете го на колената, глуждовите, зглобовите, вратот, препоните или внатре во лактите.
-Пред спиење нанесете крема за нега на база на алое вера, која најдобро е да ја чувате во фрижидер.
-Носете памучни пижами.
-Бидете внимателни да не јадете премногу протеини бидејќи тоа може да го загрее вашето тело, зголемувајќи го вашиот метаболизам, според експертот за спиење Дејв Гибсон.
-Јадете зачинета храна, но најмалку три часа пред спиење – тоа може да предизвика потење и да го разлади телото.
-Вежбајте наутро, не навечер, за да спречите прегревање на телото.
-Туширајте се со млака вода навечер и избегнувајте ладен туш бидејќи вашето тело ќе има тенденција да развие повеќе топлина како одговор на студот.
-Спротивно на популарното верување, Гибсон вели дека треба да ги држиме нашите прозорци затворени во текот на денот за да го одржуваме домот поладен. Спуштете ги ролетните и повлечете ги завесите.
-Исклучете ги сите електрични апарати во спалната соба бидејќи испуштаат топлина.