Научниците во Соединетите Држави забележаа нето енергетска добивка од реакција на фузија по втор пат од декември, во обид да најдат чист извор на енергија, објави Националната лабораторија Лоренс Ливермор.
Експертите од оваа лабораторија во Калифорнија го повторија успехот на фузиското палењето во експериментот направен во Националната постројка за палење (NIF) на 30 јули и произведоа повеќе енергија отколку што беше во декември, според Лоренс Ливермор во неделата, пренесува агенцијата.
Додаваат дека се уште се анализираат конечните резултати.
Реакцијата на нуклеарна фузија вклучува спојување на две атомски јадра за да се произведе едно, значително потешко, со што се ослободуваат огромни количества енергија.
Научниците знаат речиси половина век за силите на фузија на Сонцето и со децении се обидуваат да развијат фузија на Земјата со цел да дојдат до неограничен, чист и безбеден извор на енергија за борба против климатските промени.
Ако технологијата за реакција на фузија продолжи да се развива, таа може да се користи за производство на енергија на индустриско ниво.
Американскиот Стејт департмент наведува дека тоа е „големо научно достигнување што ќе го отвори патот за унапредување на националната одбрана и иднината на чистата енергија“.
Научниците фокусираа ласер на мета за да спојат два полесни атома во еден потежок, ослободувајќи енергија.
Тој експеримент накратко постигна фузиско палење што имаше ослободување на енергија од 3,15 мегаџули, а ласерот испорача 2,05 мегаџули до целта, објасни американското Министерство за енергетика.
Тие додаваат дека, со други зборови, од фузијата се добивала повеќе енергија отколку што била дадена од ласерот за да се случи.