Битолската компанија за производство на вода и сокови „Перлистерка“ доби јавна опомена од Берзата.
Причина е фактот што не ги објавила навреме своите биланси на успех ниту за првиот квартал од годинава, во време кога многу акционерски друштва веќе ги презентираа и своите шестмесечни финансиски извештаи.
„Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на потсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидиран биланс на успех за периодот 01.01-31.03.2023 година и консолидиран неревидиран биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2023 година во пропишаниот рок, со што издавачот не постапи согласно член 40, точка 2 од Правилата за котација“, се вели во берзанската објава.