Финансии 10.08.2023 09:38

НОВА ДРЖАВНА ОБВРЗНИЦА ЌЕ КОТИРА НА БЕРЗАТА – задолжување за близу осум милиони евра

НОВА ДРЖАВНА ОБВРЗНИЦА ЌЕ КОТИРА НА БЕРЗАТА – задолжување за близу осум милиони евра

Нова државна обврзница од 7,8 милиони евра ќе котира на Македонската берза. Нејзината каматна стапка ќе изнесува исто како и онаа на претходната, и ќе биде 6,15 проценти.

Станува збор за 15 годишна државна обврзница.

„Ве известуваме дека согласно барањето поднесено од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од 10.08.2023 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула, вредност на емисијата: 477.470.000 денари, датум на издавање: 04.08.2023, датум на достасување: 04.08.2038 и каматна стапка од 6,15 отсто“, се вели во објавата на Берзарта на нејзината официјална страница.