Живот 11.08.2023 13:57

Европјаните годишно јадат 30 килограми риба, а Србите само три

Европјаните годишно јадат 30 килограми риба, а Србите само три

Според податоците на Стопанската комора на Србија, секој граѓанин во јаде во просек по 18 килограми живина годишно, додека еден Европеец во истиот период јаде по 30 килограми. Кога станува збор за свинско месо, таа количина е речиси двојно поголема во корист на Европејците. Во Србија годишно се јадат 16 килограми свинско месо по глава на жител, додека во Европската Унија просекот по човек е 31,8 килограми.

Говедското месо одамна стана луксуз во тавите на домаќинките, па така додека во Србија, според податоците на СКС, секој од нас јаде по 4 килограми говедско месо годишно, во ЕУ тоа е повеќе од двојно – 10 килограми. Сличен однос има и кога е јагнешкото во прашање. Кога станува збор за риба, работите се речиси поразителни. Во Србија годишно се јадат три килограми риба по глава на жител, додека просечниот Европеец има пристап до дури 30 килограми годишно. Среќата во несреќата е што, според експертите, имаме доволно месо – освен свинско.

„Најмногу свинско увезуваме, а во првите шест месеци од годинава се увезени околу 15.000 тони во вредност од 52 милиони евра. Имаме доволни количини говедско, јагнешко и овчо месо со одличен квалитет“, изјави за Н1 Ненад Будимировиќ, секретар за сточарство и преработка на сточарски производи при Стопанската комора на Србија.